
Mенаџерот на Ливерпул, Арне Слот, сериозно го сфаќа летниот трансферен период – тој дури го прекинал сопствениот одмор за да преговара лично со една од целите: Рајан Черки, офанзивниот играч на Лион.
Според информациите на „Атлетик“, Слот отпатувал до јужна Франција за да се сретне лице в лице со 21-годишниот Французин, кој во моментов е и на радарот на Манчестер Сити. Таму, Черки веќе имал средба со Пеп Гвардиола и бил посочен како потенцијален наследник на Кевин Де Бруин, кој го напушта клубот.
Ситуацијата околу Черки изгледа како отворена трка меѓу Ливерпул и Сити, бидејќи самиот фудбалер сè уште не ја донел конечната одлука. Единственото сигурно нешто е дека Лион е под финансиски притисок и ќе мора да продава играчи ова лето.
Во минатата сезона, Шерки постигна 11 голови и имаше една асистенција, а беше меѓу најконзистентните играчи на тимот.
Проценетата сума за трансфер се движи околу 40 милиони евра, а тоа можат лесно да си го дозволат и Ливерпул, и Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
