
Сагата околу трансферот на напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, доби нов пресврт, тврдат италијанските медиуми. Иако до неодамна се сметаше дека Наполи е на чекор до неговиот потпис, клубот од Неапол го оладил интересот кон 25-годишниот Канаѓанец.
Од таа ситуација најмногу профитирал Јувентус, кој ги интензивирал преговорите со претставниците на Џонатан Дејвид и во моментов е најблиску до негов ангажман. Сепак, и Интер сè уште не е отпишан од трката и будно ја следи ситуацијата.
Дејвид има импресивен биланс во дресот на Лил: 109 голови и 30 асистенции на 232 натпревари.
Тој веќе најави дека нема да го продолжи својот договор со францускиот клуб, што значи дека ќе стане слободен агент и новиот клуб нема да мора да плаќа отштета.
Ако трансферот во Јувентус се реализира, Дејвид ќе стане едно од главните офанзивни оружја во новиот проект.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
