
Маркус Рашфорд е решен да го напушти Манчестер Јунајтед и активно бара нов предизвик во кариерата. По минатата сезона која ја мина на позајмица во Астон Вила, каде што имаше солидни настапи, англискиот репрезентативец нема желба да се врати на „Олд Трафорд“, особено поради недовербата во новиот менаџер Рубен Аморим.
Астон Вила не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а финансиските побарувања на Рашфорд се премногу високи за клубот од Бирмингем да го откупи договорот.
Во моментов, Интер е сериозно заинтересиран за неговите услуги. Италијанскиот гигант, кој доживеа тежок пораз од 0-5 од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, планира реконструкција на тимот и гледа во Рашфорд потенцијално засилување во офанзивата.
Се разгледува опција тој најпрво да дојде на позајмица со можност за откуп, а „нероаѕурите“ се подготвени да преговараат за различни структури на договорот со цел да го донесат англискиот напаѓач во Милано.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
