
Интер ја разгледува можноста да го ангажира Расмус Хојлунд. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед е една од главните трансферни цели на „нерoаѕурите“.
Интер претрпе убедлив пораз (0-5) од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Овој тежок пораз може да донесе сериозни промени во тимот на Симоне Инзаги.
Според „Газета дело Спорт“, Марко Арнаутовиќ и Хоакин Кореа сигурно ќе го напуштат „Сан Сиро“ како слободни агенти, а Интер планира да ја пополни празнината со напаѓач од повисока класа.
Се тврди дека Хојлунд е еден од главните кандидати за засилување на Интер. Тој се пресели од Аталанта во Манчестер Јунајтед во 2023 година за околу 70 милиони фунти. Иако беше често критикуван за своите настапи, во Интер веруваат во неговиот потенцијал и се подготвени да понудат до 40 милиони евра за неговите права. Идејата е да се натпреварува за место во стартниот тим со Лаутаро Мартинез и со Маркус Турам.
Манчестер Јунајтед не би се противел на разделба со Хојлунд доколку пристигне поволна понуда. Новиот менаџер на тимот, Рубен Аморим, е разочаран од формата на Данецот и ќе инсистира на ангажирање на нов напаѓач.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
