
Симоне Инзаги е на работ да ја напушти тренерската позиција во Интер. Италијанските медиуми пренесуваат дека тој веќе одлучил да ја прифати понудата од саудискиот клуб Ал-Хилал и во вторник ќе ја соопшти својата одлука на спортскиот директор Бепе Марота. Поразот од ПСЖ во Минхен се покажа како клучен момент, а дополнителна напнатост донесе и расправијата со Давиде Фратези, кој не доби шанса да игра во финалето.
Инзаги е разочаран од состојбата во клубот, особено поради финансиските ограничувања и недостигот на поддршка од американските сопственици. Единствениот играч кој би можел да донесе значителни приходи преку продажба е Фратези, што дополнително ја отежнува можноста за засилувања.
Доколку Инзаги замине, Интер веќе го разгледува списокот на потенцијални наследници. Најголеми кандидати се Цеск Фабрегас, кој ги одби понудите од Милан и Рома, и Роберто Де Зерби, кој моментно има договор со Марсеј, но би можел да се префрли во Интер. Првично, Макс Алегри беше прва опција, но тој одлучи да се врати во Милан. Тука е и Кристијан Киву, поранешен играч на Интер, кој минатата сезона ја предводеше Парма.
Во меѓувреме, клубот продолжува со засилувањата. Веќе се договорени трансфери на Лука Сучиќ од Реал Сосиедад и Бразилецот Луис Енрике, а се очекува Интер да го откупи и Матијас Залевски од Рома. Тимот бара и напаѓач, а како опции се споменуваат Денис Бони од Парма и Расмус Хојлунд, кој има тешкотии во Премиер – лигата.
Од тимот сигурно ќе си заминат Арнаутовиќ, Тареми и Хоакин Кореа, додека Ачерби и Дармијан ќе ги продолжат договорите. Можно е да останат и ветераните Стефан де Фрај и Хенрик Мхитарјан.
Официјалната потврда за иднината на Инзаги се очекува во вторник, но се чини дека Интер се наоѓа на прагот од нова ера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
