
Интер доживеа историски дебакл во финалето на Лигата на шампионите откако загуби од ПСЖ во Минхен со 5-0. Тоа е голем удар за „нероаѕурите“, кои најверојатно ќе се разделат со тренерот Симоне Инзаги.
Италијанскиот стратег има огромна понуда од Ал-Хилал за годишна плата од преку 20 милиони евра и многу веројатно дека ќе ја прифати.
Веднаш започнаа шпекулациите за неговиот наследник, а на врвот на таа листа се најде романскиот стручњак Кристијан Киву. Овој 44-годишен Романец успеа да ја спаси Парма од испаѓање оваа сезона, а Роберто де Зерби и Цеск Фабрегас се други имиња што се споменуваат.
Проектот што Интер сака да го започне би почнал со млад тренер, а Кристијан Киву, кој моментно е во Парма, бил и играч и тренер во младинските категории на Интер. За неколку дена ситуацијата ќе биде појасна, но е очигледно дека ваквиот пораз во финалето на Лигата на шампионите остава длабока трага која може да значи и крај на еден циклус во Интер, истакнува „Тутомеркато“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
