
Пари Сен Жермен испиша историја во Минхен со спектакуларна победа од 5-0 против Интер, освојувајќи ја првата титула во Лигата на шампионите во своето постоење. За тренерот Луис Енрике, овој триумф значеше втора титула од ЛШ и вторa „тројна круна“ во неговата тренерска кариера – нешто што малкумина во историјата на фудбалот го имаат постигнато.
По натпреварот, Енрике имаше емотивно обраќање и упати трогателна посвета на својата ќерка Хана, која почина во 2019 година.
„Не мора да ја освојам Лигата на шампионите за да се сетам на мојата ќерка. Хана е со своето семејство и пријатели секој ден. Без разлика како ќе се разбудиш, кога сакаш некого од срце – знаеш дека тој е со тебе. Хана секогаш е со своето семејство и сигурен сум дека некаде тука трча помеѓу нас“, изјави Енрике со солзи во очите.

Тој носеше специјална маичка посветена на Хана, а моментот стана уште посимболичен благодарение на феновите на ПСЖ, кои на стадионот приредија емотивна кореографија во чест на Енрике и неговата ќерка – сцена што повторно го создаде нивниот заеднички момент од триумфот со Барселона во 2015 година.
Со овој гест, ПСЖ не само што го освои фудбалскиот врв, туку ја покажа и човечката страна на спортот – емпатија, љубов и почит кон човекот кој ги предводеше до вечноста.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
