Англиската Премиер – лига вечерва ја затвора последната страница од една од највозбудливите сезони во последните години. Иако борбата за титулата беше решена уште во април, неизвесноста околу европските позиции и натаму останува голема. Тимовите пласирани од третото до седмото место се на само три поени разлика, што ветува драматична завршница.
Еден од најинтересните натпревари ќе се одигра на „Сити граунд“, каде Нотингем Форест го пречекува Челси. Двата тима се директни конкуренти за место во Топ 5 и евентуален пласман во Лигата на шампионите. Лондонскиот тим има бод повеќе од Нотингем, но поради изедначената трка и конкуренцијата, победа е апсолутен императив за избраниците на Енцо Мареска.
Челси моментално се наоѓа на петтото место со 66 поени, исто колку и Астон Вила и Њукасл, кои се исто така во трка за европските позиции. Вила ќе гостува кај Манчестер Јунајтед, додека Њукасл на домашен терен ќе се соочи со Евертон. „Сините“ имаат минимална предност во гол-разликата, но не смеат да се потпрат на резултатите од другите мечеви.
Од друга страна, Нотингем Форест е седми со 65 поени и евентуална победа против директен ривал може да ги издигне дури до петтата позиција, во зависност од резултатите на останатите натпревари. Со оглед на влогот и формата на тимовите, овој меч најавува вистински спектакл.
Покрај натпреварот во Нотингем, сите очи ќе бидат вперени и кон натпреварот на Манчестер Сити, кој со само еден бод против Фулам ќе обезбеди 16-то последователно учество во Лигата на шампионите.
Сè е подготвено за една незаборавна фудбалска вечер, во која многу ќе се одлучува во последните 90 минути од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













