Connect with us

Де Лаурентис: Конте има тригодишен договор со Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, и по прославата на освоеното Скудето не пропушти да говори за односот со тренерот Антонио Конте и шансите токму тој да ја предводи екипата и следната сезона. Во изјава за италијанското радио „ЦРЦ“, Де Лаурентис откри нови детали и упати охрабрувачка порака до навивачите.

„Не грижете се! Конте е одличен тренер и извонредна личност која ме воодушевува сѐ повеќе и повеќе. Не брзаме со ништо – тој има договор на три години“, изјави првиот човек на Наполи.

Тој нагласи дека изборот на нов тренер воопшто не е приоритет во моментов. Од друга страна, во Италија наголемо се шпекулира дека Конте е договорен да се врати во Јувентус.

„Сега имаме две важни задачи пред нас – спортскиот центар и стадионот. Тоа се две работи кои бараат труд, инвестиции и многу посветеност“, додаде Де Лаурентис.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови