
Во вистински спектакл со шест погодоци, фудбалерите на Штутгарт го совладаа второлигашот Арминија Билефелд со 4-2 и го освоија Купот на Германија, ставајќи крај на 17-годишен пост без трофеј во ова натпреварување.
Штутгарт дојде до својата четврта титула во германскиот Куп, а патот до трофејот го отвори Ник Волтемаде со погодок во 15. минута. Само седум минути подоцна, по молскавична контра, Енцо Мило зголеми на 2-0, по одлична асистенција од Дениз Ундав.
Во 28. минута Ундав и сам се погрижи да се впише во листата на стрелци, носејќи му на Штутгарт висока предност од 3-0 уште пред паузата. Францускиот талент Мило во второто полувреме постигна уште еден гол, комплетирајќи ја својата вечер со два погодоци.
Иако Арминија возврати со два гола во финишот, тоа беше недоволно за пресврт.
Со овој триумф, Штутгарт не само што го подигна трофејот, туку си обезбеди и билет за настап во Лигата на Европа следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
