
Лука Модриќ би можел изненадувачки да ја продолжи кариерата во Хетафе, откако по 13 историски години заминува од Реал Мадрид, открива „Дефенса Централ“.
Иако претходно беше поврзуван со богати понуди од Саудиска Арабија и МЛС лигата, сега се појавува сценарио во кое хрватскиот ветеран останува во Мадрид, но во дресот на далеку поскромниот градски клуб Хетафе.
Модриќ не сака да се сели од Мадрид, каде што живее со семејството повеќе од една деценија.
Според информациите, можно е во Хетафе да се приклучи и поранешниот капитен на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, кој се споменува како иден тренер на клубот.
Со тоа, два симболи на Реал Мадрид би се нашле во истиот проект, што предизвика големо внимание во шпанската јавност.
Иако засега нема официјална потврда од ниту една страна, оваа опција изгледа реална, особено поради желбата на Лука Модриќ да остане во Шпанија и да продолжи да игра фудбал на високо ниво без драстични промени во начинот на живот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
