
Сандерленд со чудесен пресврт успеа да го надигра Шефилд Јунајтед во финалето од плеј-офот во англискиот Чемпионшип и славеше со конечни 1-2, обезбедувајќи учество во Премиер лигата следната сезона. Победничкиот гол на Том Вотсон беше постигнат во 95.минута од дуелот.
Шефилд беше многу подобар ривал во првото полувреме, поведе со голот на Тајрис Кембел во 25. минута, а потоа Харисон Бароус стрелаше уште еднаш, но голот беше поништен поради офсајд. Екипите заминаа на одмор со минимална предност за Шефилд (1-0).
Сандерленд одигра многу посериозно во вториот дел, се чинеше дека е во одличен налет, па најпрво успеа да израмни во 76. минута преку Елизер Мајенда, а експлозијата на трибините на донесе „детето“ на клубот, Том Вотсон, кој режираше комплетен пресврт 95. минута и го одведе својот тим во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
