
Лука Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид по 13 години исполнети со успеси, откако не успеа да се договори за продолжување на договорот со клубот. И покрај тоа што Хрватот беше подготвен да игра за најниска плата во тимот и да биде резервен играч, претседателот Флорентино Перес го одбил, што предизвика разочараност кај навивачите на „кралскиот клуб“.
Но, секако, Лука Модриќ е икона на Реал и заслужува најдобро можно испраќање.
На денешниот натпревар, навивачите ќе подготват специјална кореографија во чест на збогувањето на Лука Модриќ. Покрај визуелната поддршка, трибините ќе одекнуваат со емотивна песна посветена на хрватската легенда:
„Модриќ, те сакам. Дојдов да те видам, Модриќ, те сакам. Дојдов да те видам, Модриќ, те сакам. Не сакам да те изгубам.“
Ова ќе биде навистина трогателен момент за фудбалерот кој остави неизбришлива трага и во Реал Мадрид и во срцата на навивачите
Модриќ, кој пристигна од Тотенхем во 2012 година, беше еден од најомилените и најценетите фудбалери во историјата на Реал Мадрид. Навивачите очекуваа клубот да му овозможи пензионирање во дресот на Реал, но раководството има поинакви планови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
