
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изрази големо задоволство по освојувањето на шампионската титула во Серија А, откако неговиот тим го совлада Калјари со 2-0. Тој призна дека пред натпреварот имало нервоза кај него и играчите, бидејќи не сакале да ги разочараат десетиците илјади навивачи на стадионот во Неапол.
„Го направивме повторно, и тоа е прекрасно. Кога стигнавме на стадионот, искрено, беше малку тешко да влеземе. Не знаевме колку навивачи има, но ни се вртеше мислата дека би можеле да ги разочараме, а тоа би ни тежело долго време. Овие момци беа фантастични. Притисокот беше луд, но се справивме на најдобар можен начин,“ изјави Конте.
Наполи ја освои својата втора титула во последните три сезони, и тоа откако минатата сезона заврши дури на десеттото место.
Конте подвлече дека мотивирањето на екипата било голем предизвик:
„Доаѓањето во тим што беше десетти минатата година, а шампион претходната, беше тешко, но и инспиративно. Морав да ги убедам некои од клучните играчи да останат, затоа што знаевме дека можеме да направиме нешто посебно.“
Конте стана и првиот тренер во историјата кој освоил Серија А со три различни клуба. Тој го пофали тимот за посветеноста и потенцираше дека Наполи има нешто „специјално“.
„Не е лесно да се победува со Наполи, ова не е тим навикнат секоја сезона да се бори за титула. Но тие момци тоа го направија двапати за три години. Повеќе од 30 години поминаа од титулата на Марадона – сега Ди Лоренцо како капитен го крена трофејот. Тоа е навистина посебно.“
Тој додаде дека има одличен однос со претседателот на клубот и дека и двајцата се „победници – секој на свој начин“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дени Ииев уште две години во Романија

Евро-фудбал
Рафиња останува во Барселона до 2028 година

Евро-фудбал
Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул
