Connect with us

Го прогласија за „вишок“ на „Олд Трафорд“, а тој стана најдобар играч во Серија А

Манчестер Јунајтед веќе со години се мачи и го бара патот назад кон старите славни денови, а од година во година „ѓаволите“ талкаат со играчкиот кадар и прават бројни грешки.

Многу скапи засилувања се покажаа како промашувања, а играчите кои го напуштаат „Олд Трафорд“ најчесто подоцна покажуваат зошто Јунајтед ги довел и им плаќал високи плати.

Последен во низата е примерот со Скот Мектоминеј, кој иако не е едно од скапите засилувања на Јунајтед, бидејќи потекнува од нивната академија, беше отпишан како „вишок“.

Мектоминеј во летото 2024 година беше прогласен за непотребен на „Олд Трафорд“, а Наполи реагираше и го доведе за 30 милиони евра.

Дваесет и осумгодишниот Шкотланѓанец блескаше во изминатата сезона во дресот на Наполи и беше клучен играч во походот на Скудетото. На 34 натпревари во Серија А постигна 12 голови и забележа шест асистенции, а по синоќешната победа на Наполи над Калјари со 2-0, со која ја потврдија титулата, Мектоминеј го доби трофејот за најдобар играч на Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови