
Антонио Конте го направи она што многумина само го сонуваа – го врати Скудетото во Неапол! Наполи славеше со 2-0 против Каљари во последното коло од Серија А, а триумфот значеше само едно: титулата патува назад на „Диего Армандо Марадона“.
Ова не е обична титула. Ова е историска титула. Конте стана првиот тренер во историјата што станал шампион со три различни италијански клуба – Јувентус, Интер и сега Наполи. Со тоа, го запиша своето име покрај великаните на италијанскиот фудбал.
Ова му е петто Скудето во тренерската кариера, што го израмнува со имиња како Фабио Капело и Марчело Липи – имиња што се синоним за успех во Калчото.
Ако некој се прашува дали Конте знае како се освојуваат титули – нека се сети на сезоната 2016/17, кога стана шампион на Премиер – лигата со Челси. Едноставно, каде и да оди – победува.
А ако се додадат и шампионските трофеи што ги има како фудбалер, сликата е комплетна: Антонио Конте не само што е симбол на успехот – тој е дефиницијата за шампионски менталитет.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
