
Наполи е нов шампион на Италија! Тимот од Неапол го совлада Калјари со 2-0 во последното коло од Серија А и ја задржа минималната предност пред Интер, обезбедувајќи ја својата четврта титула во историјата.
На стадионот „Диего Армандо Марадона“, атмосферата беше историска – повеќе од 500.000 навивачи бараа билети, но само најсреќните имаа шанса да бидат дел од фудбалската магија.
Очекувањата се дека славјето во Неапол ќе трае со денови, па дури и недели.
Наполи знаеше дека само победа носи Скудето, и тоа го покажа на теренот. Скот Мектоминеј во 42. минута постигна спектакуларен гол со ножички за водство од 1-0, а веднаш по почетокот на второто полувреме, Ромелу Лукаку го потврди триумфот со гол за 2-0.
Иако Интер славеше на гостувањето кај Комо со 0-2, со головите на Стефан де Фрај и Хоакин Кореа, тоа не беше доволно за титула – останаа на второто место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
