
Само неколку часа по поразот од Тотенхем со 1-0 во финалето на Лига Европа, раководството на Манчестер Јунајтед донесе одлука за отпуштање на над 200 административни вработени, јавуваат британските медиуми.
Овој потег доаѓа во екот на продлабочени финансиски проблеми во клубот, откако тимот не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Според проценките, пропуштената шанса ќе ги чини „црвените ѓаволи“ повеќе од 100 милиони фунти, што значително го нарушува буџетот и долгорочните финансиски планови на клубот.
Новите сопственици од „Инеос“, предводени од бизнисменот Сер Џим Ратклиф, веќе најавија реструктурирање и оптимизација на трошоците во клубот. Отпуштањата се дел од таа стратегија, а според „Атлетик“, одлуката била соопштена на вработените ден по организираното интерно гледање на финалето, на кое присуствувале и Ретклиф и сопственикот Аврам Глејзер. Свирежи и негативна атмосфера го одбележале настанот, а следниот ден уследи официјалната одлука за масовни откази.
„Дејли Мејл“ дополнително открива дека меѓу отпуштените има голем број долгогодишни и лојални вработени, што дополнително ја влошува атмосферата во клубот. Паралелно со тоа, вредноста на акциите на Јунајтед на берзата опадна за 160 милиони фунти.
Засега нема официјални информации дали отпуштањата ќе продолжат и во текот на летото, но јасно е дека Манчестер Јунајтед се соочува со една од најтешките финансиски и организациски кризи во својата понова историја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
