Connect with us

Рафиња останува во Барселона до 2028 година

Бразилскиот напаѓач Рафиња ќе остане во Барселона најмалку до 2028 година, откако денеска стави потпис за продолжување на соработката со каталонскиот гигант.

Рафиња имаше неколку други понуди, од Саудиска Арабија, но и други европски клубови, меѓутоа реши да остане во Барселона по одличната сезона и освоени три пехари.

Бразилецот пристигна во Барселона во 2022 година од Лидс, а оваа сезона настапи на 56 натпревари, при што постигна 34 голови и запиша 25 асистенции во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови