
Манчестер Јунајтед ја заврши својата катастрофална сезона со нов пораз – синоќа во Билбао беше поразен од Тотенхем со 1-0 во финалето од Лига Европа. Со тоа, „црвените ѓаволи“ останаа не само без трофеј, туку и без настап во Европа наредната сезона.
Голот на Бренан Џонсон во 42. минута беше доволен за историски триумф на Тотенхем, кој под водство на Анге Постекоглу го освои својот прв европски трофеј по повеќе децении и обезбедија пласман во Лигата на шампиони.
По натпреварот, менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, беше свесен за тежината на ситуацијата.
„Нема да зборувам за иднината. Вечерва мораме да се соочиме со болката од овој пораз. Јас сум секогаш отворен – ако управата и навивачите мислат дека не сум вистинската личност, ќе си заминам следниот ден. Но нема да се откажам. Верувам во себе“, изјави Португалецот.
Како што тоа обично се случува по вакви неуспешни сезони, вината се бара на сите страни – дел ја префрлаат на тренерот, други на одредени фудбалери. Но, најголем потрес предизвика изјавата на младиот аргентински офанзивец Алехандро Гарначо, кој отворено го критикуваше Аморим.
„Сезонава беше ужасна, а сега изгубивме и финале. Не можеме никого да победиме во лигата. Играв на секој натпревар од Лига Европа досега, а во финалето добив само 20 минути. Не знам што да кажам…“, изјави Гарначо, директно доведувајќи го во прашање изборот на играчите и тактиката на тренерот.
Според многумина, оваа изјава може да предизвика длабок раздор во соблекувалната – не е исклучено дека или Гарначо, или сам Аморим ќе мора да го напуштат клубот.
Дополнителна полемика предизвика и стартот на Мејсон Маунт, кој доби предност пред Гарначо, но беше убедливо најлош на теренот. Аморим го замени дури во 71. минута, по што влезе Аргентинецот и веднаш внесе живост, создаде неколку шанси и упати одличен удар кој го одбрани голманот на Тотенхем, Викарио.
„Лесно е да се зборува по натпреварот. Кој промаши голема шанса во полуфиналето? Гарначо. Таков е фудбалот“, беше краткиот одговор на Аморим на новинарско прашање за неговата одлука.
Јунајтед ја завршува сезоната на срамното 16. место во Премиер – лигата со само 39 бода – најлошо рангирање во модерната ера. Единствената утеха за клубот е што навреме го обезбеди опстанокот…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
