
Во финалето на Лига Европа, што се одигра синоќа во Билбао, Тотенхем предводен од Анге Постекоглу го совлада Манчестер јунајтед со 1-0, обезбедувајќи пласман во Лигата на шампиони следната сезона.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Бренан Џонсон во 42-та минута.
По натпреварот, менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, го сподели своето разочарување.
„Во моментов не сум тука за да се бранам. Тоа не е мој стил. Ништо не им должам на навивачите, треба да имаат само малку повеќе верба. Ако управата и навивачите почувствуваат дека не сум вистинската личност, ќе си заминам следниот ден. Но нема да се откажам и да дадам оставка“, изјави Аморим.
„Имаше денови кога бевме навистина лоши. Ова не беше таков ден. Не бевме совршени, но секогаш сум искрен“, додаде стратегот на Манчестер јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
