
Во незаборавна вечер на „Сан Мамеш“ во Билбао, Тотенхем ја испиша новата златна страница во својата историја, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 1-0 и заслужено триумфирајќи во финалето на Лига Европа. Херојот се вика Бренан Џонсон – човекот што го реши натпреварот со гол кој вреди трофеј!
Мечот започна со нешто поактивен Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ беа опасни, особено преку Амад Дијало, кој постојано го пробиваше по левата страна на Тотенхем. Сепак, без конкретен резултат – одбраната на лондонскиот тим беше будна.
Тотенхем не играше пасивно – висок пресинг, храбри корнери, но шанси сѐ уште немаше. Сѐ до 42. минута. Папе Сар нафрли од левата страна, топката помина низ одбраната и заврши кај Џонсон, кој со доза на среќа ја смести во мрежата на Онана. Еуфорија за тифозите од Лондон, водство за Тотенхем кое ќе се покаже како клучно.
Во второто полувреме, Јунајтед се обиде да го наметне темпото. Маунт, Диало, Бруно… сите пробуваа, но без ефект. На другата страна, Ришарлисон правеше проблеми, но и несмасни потези – ризикуваше црвен картон.
Најблиску до голот беше Хојлунд, но неговиот удар со глава го спречи Ван де Вен со интервенција што вреди злато.
Навивачите на Јунајтед почнаа да веруваат, но времето брзо минуваше. Аморим фрли сѐ во напад – влегоа Зиркзе и Гарначо, но ни тоа не помогна. Гарначо во 75. минута се закани, Викарио одговори со одлична одбрана. Уште неколку корнери, уште неколку обиди – но без реална завршница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
