Италијанскиот калчолигаш Интер сериозно е заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, и се подготвува да испрати официјална понуда вредна 60 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Според информациите на „Калчомеркато“, 22-годишниот Шпанец е една од главните трансферни цели на актуелниот шампион на Серија А. „Нероаѕурите“ активно бараат долгорочна замена за ветеранот Хенрик Мхитарјан, кој ќе наполни 36 години и чиј договор истекува во 2026 година.
Лопез се етаблираше како еден од најперспективните играчи на Барселона во сезоната 2024/25, запишувајќи осум голови и девет асистенции на 45 настапи, со просечно учество во гол на секои 114 минути. Неговите добри партии, особено во дуелите со Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде Барселона беше елиминирана со вкупен резултат 7-6, не останаа незабележани од страна на скаутите на италијанскиот клуб.
Барселона, која се соочува со сериозни финансиски ограничувања и обврски од финансискиот фер-плеј, е отворена за преговори и ја поставила почетната цена за Фермин Лопез на 60 милиони евра. Иако под водство на Ханси Флик не е редовен стартер, неговите настапи од клупа и учинокот на меѓународната сцена – вклучувајќи го Европското првенство и Олимписките игри во дресот на Шпанија, ја зголемуваат неговата вредност на пазарот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













