Поранешната ѕвезда на Милан и Реал Мадрид, Рикардо Кака, ги коментираше шпекулациите дека може да стане дел од стручниот штаб на новиот селектор на Бразил, Карло Анчелоти.
„Ако од репрезентацијата сметаат дека можам да бидам од корист – јас сум подготвен. Кариерата ја завршив во 2017 година, и оттогаш се посветив на едукација. Имам завршено курс за спортски бизнис на Харвард и курс за спортски менаџмент при УЕФА, а покрај тоа и тренерска обука преку Бразилската фудбалска конфедерација. Играв на три мундијали и минав повеќе од 15 години со дресот на националниот тим. Ако се појави можност – со радост би се вратил“, изјави Кака за „Caze TV“.
Анчелоти сака во својот тим да го има добитникот на „Златна топка“. Се чини дека Кака е идеален профил – искусен, харизматичен и веќе подготвен со потребните знаења.
Италијанскиот стратег ќе дебитира како селектор на „селесао“ во квалификациите за СП против Еквадор на 5 јуни, а веќе на 10 јуни следи дуелот со Парагвај.
Инаку, синот на Анчелоти, Давиде, кој е негов помошник во Реал Мадрид, нема да биде дел од репрезентацијата, бидејќи планира самостојна тренерска кариера. Како можни опции за него се споменуваат Лајпциг и Глазгов Ренџерс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













