
Тренерот на Интер, 49-годишниот Симоне Инзаги, би можел наскоро да го замени Милано со Ријад. Според информации на „Газета дело Спорт“, саудискиот шампион Ал-Хилал му понудил неверојатни 20 милиони евра годишна плата – и тоа не е сѐ. Претседателот на клубот, Фахад бин Нафел, веќе бил во Милано и лично преговарал со тренерот на финалистот во Лигата на шампионите.
Ако Инзаги ја прифати понудата, се очекува да слета во Ријад на 1 јуни – само еден ден по големото финале против ПСЖ во Минхен, на „Алијанц Арена“.
Бин Нафел сериозно го посакува Инзаги. Веќе во април го направил првиот чекор – патувал до Милано, се сместил во луксузниот хотел „Four Seasons“, остварил контакти и, според извори, се вратил задоволен. Сепак, со оглед на тоа што сезоната на Интер е во завршница, се настојувало сè да остане во тајност. Но, како што се ближи Светското клупско првенство, темата повторно се актуелизира.
Ал-Хилал минатата сезона беше шампион во Саудиска Арабија, но оваа година титулата веќе ѝ припадна на екипата на Лорен Блан, Ал-Итихад, два кола пред крајот на првенството.
Во меѓувреме, Инзаги се подготвува за финишот на Серија А – последното коло е закажано за 23 мај, кога Интер ќе се сретне со Комо. Во игра е и можен шампионски плејоф со Наполи, кој води на табелата. А потоа – големиот тест: финалето на ЛШ против ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
