
Сезоната во Ла Лига полека привршува, остана уште едно коло во кое ќе се решат последните дилеми околу местата за европските купови и опстанокот. Барселона веќе ја обезбеди титулата, но шпанскиот весник „АС“ направи интересно сценарио: табела без влијание на ВАР технологијата.
Ако се тргне ВАР од равенката, ситуацијата на врвот би изгледала сосема поинаку. Реал Мадрид, според оваа алтернативна пресметка, би бил убедливо лидер со осум бода предност пред Барселона. „Кралевите“ би имале 88 поени – дури седум повеќе од оние што ги собраа со активен ВАР.

Најголема промена, според оваа симулација, би претрпела Мајорка. Тимот моментно е на 10. место, но без интервенциите на ВАР би имал 10 поени помалку и би се борел за опстанок, пласиран на 17. позиција.
Оваа алтернативна табела повторно го отвора вечното прашање: дали ВАР ја прави играта поправедна – или само ја менува историјата на сезоната?

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера
