
Ерик тен Хаг, холандскиот стратег кој остана без работа по отказот од Манчестер Јунајтед во ноември, повторно е во фокусот на фудбалските медиуми.
Иако се поврзуваше со неколку клубови, како Рома и Баер Леверкузен, ниту една од тие опции не се реализираше. Но, нова можност се појавува на хоризонтот – враќање во познатата средина: Ајакс.
Според холандскиот весник „Де Телеграф“, токму Тен Хаг е главен кандидат да го преземе кормилото на Ајакс, откако Франческо Фариоли си замина по неуспешната сезона, иако тимот имаше осум бода предност на врвот на табелата само еден месец пред крајот.
Техничкиот директор Алекс Крус го гледа токму Тен Хаг како човекот што може да го врати клубот на победнички пат. Тој веќе има богато искуство со амстердамскиот гигант – четири години помина таму и ја одведе екипата до историско полуфинале во Лигата на шампионите во 2019, каде што беа елиминирани од Тотенхем со драматичен гол во последните секунди.
По епизодата во Јунајтед, која не донесе посебни успеси, Тен Хаг е подготвен за нов предизвик – можеби токму во клубот каде што ја доживеа својата најголема тренерска слава.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
