
Емилијано Мартинез навести дека најверојатно ќе се раздели со Астон Вила по крајот на сезоната. Светскиот шампион со Аргентина изгледаше како да се збогува со солзи во очите од навивачите на „Вила Парк“ по победата над Тотенхем, на последниот домашен натпревар за оваа сезона.
Мартинез пристигна во Астон Вила од Арсенал во 2020 година, а минатото лето го продолжи договорот до 2029 година. Сепак, се чини дека веќе од следната сезона нема да биде дел од тимот на Унаи Емери.
Според аргентинскиот телевизиски канал „ДСпортс“, Мартинез веќе добил понуди од Манчестер Јунајтед и од Барселона. Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ денеска потврдува дека Барселона би можела да се сврти кон „Дибу“ доколку Војчех Шчешни ја одбие понудата за потпишување нов договор со клубот.
Од друга страна, на „Олд Трафорд“ активно бараат нов голман кој би го заменил нестабилниот Андре Онана. Се наведува и дека Мартинез добил доста примамлива понуда од Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
