
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, призна дека е „исцрпен“ по натпреварот во кој неговиот тим одигра без голови против Парма. „Партенопеите“ доживеаја вистински емоционален ролеркостер на „Стадио Тардини“, главно поради вестите од „Џузепе меаца“, каде што Интер и Лацио одиграа драматично реми од 2-2. Наполи немаше среќа – двапати ја погоди пречката преку Матео Политано и Скот Мектoминeј, а во судиското надополнување доби пенал по прекршок врз Давид Нерес, кој беше поништен по ВАР-преглед поради претходен фаул на Џовани Симеоне во акцијата.
„Блиску сме до Скудетото, но сè уште треба да го направиме последниот чекор. Ќе го направиме тоа на нашиот стадион, со поддршка од нашите навивачи. Ова е многу тешка сезона, но постигнавме што сакавме – да се бориме за врвот до крај. Долго време бевме на врвот, и покрај тешкиот период, но никогаш не се жалевме, продолживме напред и сме на пат да постигнеме нешто незамисливо и историско за Наполи. Победата со Наполи е поинаква од победа со други клубови кои се навикнати на титули“, изјави Конте.
Тој ги пофали играчите за нивната пожртвуваност, и покрај проблемите со повреди во тимот.
„Проблемот е што сè изгледа нормално кај нас. Ни недостасуваа Лоботка, Буонџорно, Хуан Хезус, постојано губиме играчи поради повреди, но сепак сме горе и се бориме за титула. Немав многу опции на клупата, па овие момци заслужуваат пофалба што дадоа сè од себе. Се надевам дека ќе го прославиме ова Скудето – би било прекрасно. Ова сигурно е најтешката сезона во мојата кариера. Мораше да се откажеме од неколку играчи во втората половина од сезоната, ја менувавме формацијата и тактичкиот пристап. Едногодишната пауза ми дозволи да експериментирам и да изучувам различни ситуации. Имав и можност да работам седум дена во неделата, што не би било можно ако игравме натпревар на секои три дена. Но, тимот веќе беше намален и сега доаѓаме до крајот целосно исцрпени. Треба да продолжиме, затоа што сме блиску и го чувствуваме вкусот на победата“, додаде тој.
Наполи ја држи судбината во свои раце – победа над Калјари, кој веќе обезбеди опстанок, ќе значи Скудето, без разлика на резултатот на Интер против Комо. Што би значела таа титула за Конте?
„Тоа би била награда за сè што вложив оваа година. Дадов сè од себе, ги надминав своите граници. Знам и дека сум исцрпен, едвај стигнувам до крајот на оваа сезона. Наполи е прекрасен поради страста и ентузијазмот, но тоа носи и барања и очекувања што често се над реалните можности. Чувствувам голема одговорност, ја чувствував од самиот почеток, и како одминуваше сезоната, почнавме да сфаќаме дека можеме да останеме на врвот до самиот крај“, рече Конте.
Конте и Симоне Инзаги беа исфрлени од своите натпревари, па двајцата тренери ќе бидат суспендирани за последното коло.
„Ме нервира, затоа што работиш цела година за да стигнеш до решавачкиот натпревар. Им верувам на мојот стручен штаб и на овие момци, а најмногу на публиката на ‘Стадио Марадона’. Бев нервозен поради задржувањето на играта од страна на Парма – навикнат сум на англиски фудбал, каде што нема толку прекини за грчеви, повреди, симулирање… тоа ме изнервира и затоа бев исклучен“, заврши Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
