
Во италијанската Серија Б избувна вистински правен и спортски потрес откако Бреша денес беше казнета со одземање на четири бода поради сериозни финансиски неправилности, што директно влијае на борбата за опстанок и ѝ отвора неочекувана шанса на Сампдорија. Според информациите од италијанските спортски медиуми, вклучувајќи ги „Газета дело Спорт“ и „Калчофинанца“, Бреша е казнета поради нерегуларности во исплатата на плати и придонеси за месец февруари оваа година.
Клубот се обидел да ги покрие даночните обврски користејќи непостоечки даночни кредити, што било откриено од страна на Надзорното тело за финансиска регуларност во италијанскиот фудбал. Откако Даночната агенција на 16 мај официјално ја потврди невалидноста на пријавените кредити, веднаш случајот е проследен до федералното обвинителство, кое во рекордно време ја заврши истрагата. Во неделата, на 18 мај, беше донесена одлука за казна од четири бода, со што Бреша паѓа на претпоследното место и директно испаѓа во Серија Ц, заедно со Козенца и Читадела.
Оваа одлука го менува пласманот на дното од табелата. Фрозиноне се спасува без да игра бараж, додека Салернитана, која веќе беше подготвена за бараж против Фросиноне, сега добива нов противник. Најголем добитник е Сампдорија, поранешен шампион на Италија, која според спортските критериуми веќе беше отпишана и пред историско прво испаѓање во третата лига, но сега добива можност за спас преку бараж против Салернитана. Првиот натпревар ќе се игра во Џенова, а реваншот во Салерно.
Серија Б официјално го потврди одложувањето и поништувањето на претходно закажаните бараж-натпревари меѓу Салернитана и Фрозиноне, а новиот распоред ќе биде објавен откако одлуката за казната на Бреша ќе стане правосилна. Во случај Бреша да поднесе жалба, можно е дополнително одложување, но Италијанската фудбалска федерација и лигата настојуваат што поскоро да донесат конечна одлука за сезоната да заврши регуларно и транспарентно.
Интересно е што ова можеби не е крајот на проблемите за Бреша. Доколку при дополнителните проверки се утврдат неправилности и за месец април, клубот би можел да се соочи со нови казни, но тие би се применувале во следната сезона. Засега, сите погледи се вперени кон одлуката на Националниот трибунал, кој во наредните денови треба да ја донесе конечната пресуда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
