
Кевин де Бруин денес го игра своето последно финале во дресот на Манчестер Сити, а наскоро се очекува да биде познат и неговиот следен клуб.
Ако се прашува Мохамед Салах, тоа би бил – Ливерпул!
Египќанецот даде интересна изјава во која јавно му оддаде почит на Кевин Де Бруин за сè што направи за Премиер – лигата во изминатата деценија. Воедно се пошегува дека за играч со таков квалитет секогаш има место на „Енфилд“.
„Сакам да му честитам за сè што постигна во досегашната кариера. Направи фантастична работа во Манчестер Сити и имаше неверојатен придонес за развојот на Премиер – лигата и навистина му посакувам сè најдобро. И секако дека имаме место за него овде“, изјави низ смеа, Мо Салах.
Сепак, во моментов нема навестувања дека Де Бруин би можел да прејде во Ливерпул, а како најреална опција сега се споменува Наполи.
Де Бруин ги одбил селидбите во Саудиска Арабија и САД, бидејќи верува дека сè уште може да игра на највисоко ниво.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
