
Искусниот дефанзивец на Баер Леверкузен, Џонатан Тах, е на чекор до потпишување договор со новиот шампион на Германија, Баерн Минхен. Баварскиот гигант ја доби трката со клубови како Барселона, Реал Мадрид и неколку премиерлигашки екипи за потписот на 29-годишниот стопер, кој пристигнува како слободен агент.
Според германските медиуми, Тах ја одбрал опцијата да остане во Бундеслигата и да му се приклучи на новиот проект на Венсан Компани, кој во него гледа лидер на новата дефанзивна линија на Баерн.
Зделката е речиси завршена – сите страни го постигнале договорот, а Баерн веќе дал зелено светло за трансферот. Фудбалерот, пак, јасно ја изразил желбата да ја продолжи кариерата во Минхен.
Познатиот менаџер Пини Захави, кој е агент и на Лирој Сане, моментално ги финализира деталите околу трансферот на Тах. Се очекува официјалната потврда да следи наскоро.
Единствена дилема е дали Џонатан Тах ќе може да настапи за Баерн на Светското клупско првенство, со оглед на тоа што неговиот договор со Баер Леверкузен истекува на 30 јуни. Клубот е повикан да покаже разбирање и да дозволи порано приклучување на дефанзивецот во новата средина.
Во сезоната под водство на Чаби Алонсо, Тах одигра 4309 минути на 48 натпревари, постигнувајќи четири гола и запишувајќи една асистенција. Во дресот на Баер Леверкузен има вкупно 401 настап, со 18 гола и 13 асистенции. Во клубот пристигна во 2015 година од Хамбургер за 9.5 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Гранит Џака потпишува за Сандерленд

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
