 
																												
														
														
													Фудбалерките на ЖФК Љуботен го освоија Купот на Македонија откако во финалето на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија ја совладаа екипата на Тиверија Брера со убедливи 3-0. Со оваа победа, тетовскиот состав е на прагот да комплетира двојна круна за оваа сезона – шампионскиот трофеј во Првата женска лига и националниот Куп, со оглед дека има бодовна предност во шампионатот.
Љуботен покажа доминација во финалето и ја потврди фаворитската улога. Првиот гол го постигна Мариан Огочукву во 45. минута, со што го отвори резултатот пред полувремето. Истата фудбалерка зголеми на 2-0 на почетокот од второто полувреме.
Во самиот финиш на натпреварот, Величковска го постигна третиот гол и ја запечати победата за Љуботен.
Ова е нов голем успех за клубот од Тетово, кој доминира во женскиот фудбал во Македонија и се подготвува за настапите во европските натпреварувања.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАСтруга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел... Автор makfudbal
 
																					Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														