Виктор Осимен изразил желба да се врати во Серија А и тоа како играч на – Јувентус!
Според реномираниот италијански новинар Алфредо Педула, нигерискиот напаѓач сака да се пресели во Торино по завршувањето на позајмицата во Галатасарај, каде што блескаше со 33 голови во сите натпреварувања оваа сезона.
Клучна фигура во оваа потенцијална зделка е спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Ѓунтоли, кој претходно ја извршуваше истата функција во Наполи и токму тој го доведе Осимен од Лил во 2020 година за рекордни 78 милиони евра.
Сега, Ѓунтоли би можел повторно да го донесе напаѓачот – овојпат во Јувентус. Осимен има договор со Наполи до летото 2026 година, што значи дека клубот ќе мора да го продаде ова лето ако сака да избегне да го загуби без надомест наредната година. Тоа може да значи и значителен попуст во трансферната цена.
Иако Галатасарај би сакал да го задржи, јасно е дека турскиот клуб нема финансиска моќ да се натпреварува со Јувентус или други европски гиганти, а самиот Осимен сака да се врати на највисоко ниво и во лига каде што веќе го има докажано својот квалитет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













