Connect with us

Ел Класико не може без скандал: Контроверзи од ВАР собата по поништениот гол на Фермин Лопез (ВИДЕО)

Барселона оствари спектакуларна победа од 4-3 против Реал Мадрид во 35. коло на Ла Лига, што ќе се памети долго. Иако натпреварот беше воодушевувачки, Барселона можеше да слави и со поголема разлика, но голот на Фермин Лопез во последните моменти беше поништен поради наводна игра со рака.

Контроверзата избувна кога снимката од ВАР-собата стана достапна за јавноста.


Судискиот тим во ВАР собата, предводен од Мартинез Муњера, го извести главниот судија Ернандес Ернандес дека, според нивното мислење, топката го погодила Лопез во раката пред да постигне гол, па затоа голот беше поништен.

Сепак, она што предизвика големо негодување меѓу навивачите на Барселона е фактот што на снимката се слуша непознат глас во позадина кој извикува: „Му благодариме на Бога!“ (во 37. секунда од видеото).


Оваа реакција беше толкувана како пристрасност од страна на некои, што ги налути навивачите на каталонскиот клуб, кои не можеа да останат рамнодушни и жестоко реагираа на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови