Алесандро Бастони даде искрени пофалби за Ламин Јамал, што само ја потврдува неговата репутација како еден од најсветлите млади таленти во светот на фудбалот. Со само 17 години, Јамал не само што продолжува да ги импресионира со своите изведби на теренот, туку и докажува дека Барселона има голема иднина со ова младо засилување.
„Тој е неверојатен играч, тоа мора да се признае. Јамал можеби е најдоброто крило во светот во моментов. На само 17 години, заслужува пофалби за тоа што го прави, но и за тоа како беше изграден како играч во Ла Масиjа“, изјави стоперот на Интер.
Интер, сè уште одржува подеднакви шанси за пласман во финалето на Лигата на шампионите, што дополнително ја прави оваа полуфинална серија особено интересна. Како што Бастони спомена, ваквите натпревари против клубови како Барселона се идеална можност за Интер да се докаже како тим на светско ниво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













