Ламин Јамал сѐ повеќе го зацврстува своето реноме како еден од најквалитетните млади фудбалери во светот. Откако минатото лето урна низа рекорди на ЕВРО 2024 со својата продуктивност за својата возраст, сега импресионира и со настапите во клупскиот дрес на Барселона.
Синоќешниот спектакуларен полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер за него беше 100-ти меч во дресот на Барса. Со тоа стана најмладиот фудбалер во историјата на каталонскиот клуб кој ја надминал границата од сто настапи, целосно уништувајќи ја конкуренцијата во оваа категорија.
Јамал го направи тоа со 17 години и 291 ден, надминувајќи ги Гави (19 години и 27 дена) и Бојан Кркиќ (19 години и 84 дена).
Покрај тоа, тој урна уште еден рекорд, откако постигна гол против Интер и ја заокружи својата сметка на 22 гола и 33 асистенции.
Јамал ги надмина постигнувањата на двете живи легенди на светскиот фудбал, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои на неговата возраст беа далеку од вакви бројки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













