Барселона и Интер одиграа возбудливо прво полувреме на стадионот „Монжуик“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Двете екипи покажаа високо ниво на игра и ефикасност, постигнувајќи по два гола во рамките на првите 45 минути.
Интер поведе уште во првата минута, кога Маркус Турам го совлада голманот на Барселона со мајсторски удар со петица, по нафрлување од десната страна на Дензел Думфрис. Гостите од Милано ја удвоија предноста во 21. минута, кога токму Думфрис постигна гол со удар со ножички, по една мешаница во шеснаесетникот.
Барселона, сепак, успеа брзо да се врати во натпреварот. Во 24. минута, младиот Ламин Јамал постигна прекрасен погодок по индивидуална акција, намалувајќи на 1-2. Само неколку минути подоцна, Феран Торес израмни на 2-2, по одлично изведена тимска акција од страна на каталонскиот состав.
Натпреварот продолжува во висок ритам, а навивачите очекуваат подеднакво драматично и возбудливо второ полувреме.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













