Connect with us

Артета: Можеби бевме подобри, но ПСЖ е тимот што обезбеди предност

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше поразочаран по натпреварот кој неговиот тим го загуби со 0-1 од Пари Сен Жермен во првата полуфинална средба од Лигата на шампионите.

„Разочарани сме од резултатот. Во првите 15 минути имавме проблеми и не доминиравме. Потоа ја презедовме иницијативата, но на крајот ПСЖ е тој што има водство. Верувам дека Арсенал одигра подобро. Разочарани сме“, изјави Артета.

Овој пораз ги оддалечува „топчиите“ од историско финале во најпрестижното европско клупско натпреварување — прво по 2006 година.

Артета го пофали противникот.

„ПСЖ е добар во тоа што го прави. Одлично ја движат топката, играат широко со многу фудбалери во различни линии.“

И покрај поразот, шпанскиот стратег останува оптимист за реваншот:

„Голот на Микел Мерино беше прекрасен момент, за жал поништен поради офсајд. Нивниот голман имаше добри одбрани, но тоа е дел од играта. Томас Парти ќе ни донесе флексибилност во реваншот. Ова беше само прво полувреме — имаме голема шанса да се пласираме во финалето“, истакна менаџерот на Арсенал.

Реваншот во Париз е закажан за среда, 7 мај, во 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови