Поранешниот селектор на Бразил, Доривал Жуниор, потпиша договор со Коринтијанс до крајот на 2026 година, објави клубот од Сао Паоло.
Ова е прва работа за искусниот стратег по отказот од клупата на петкратниот светски шампион во март, по поразот од Аргентина со 1-4 во квалификациите за Светското првенство.
Првиот натпревар на Жуниор како тренер на Коринтијанс ќе биде во среда против Новоризонтино во Купот на Бразил.
„Ова е важен момент во мојата кариера. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата“, рече Доривал Жуниор во видео објавено од клубот на социјалните мрежи. Тој го заменува Аргентинецот Рамон Дијас, кој беше отпуштен претходно овој месец. Екипата, каде што игра Холанѓанецот Мемфис Депај, има сериозни проблеми во одбраната.
Коринтијанс се наоѓа на 12. место на табелата по шест одиграни кола со седум освоени поени. Во неделата доживеа тежок пораз од Фламенго со 0-4.
Ова ќе биде уште еден клуб во богатата тренерска кариера на 63-годишниот Жуниор, кој досега има водено повеќе бразилски гиганти, меѓу кои Фламенго (трипати), Сантос (двапати), Сао Паоло (двапати), Крузеиро, Васко да Гама, Флуминенсе, Палмеирас, Интернасионал и други.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













