Connect with us

Анчелоти ќе го преземе Бразил, во Реал доаѓа Чаби Алонсо, а вакуумот ќе го пополни – Сантијаго Солари

Фудбалскиот гигант Реал Мадрид планира наскоро да го смени Карло Анчелоти, и тоа веќе не е тајна.

По елиминацијата во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Арсенал, се пишуваше дека Карло Анчелоти ќе ја заврши својата мисија во Мадрид по финалето на Кралскиот куп, но засега тоа не се случува. Италијанецот сè уште е на клупата на Реал, но до кога – останува да се види. Се чини дека е само прашање на време…

Чаби Алонсо е избран за негов наследник и ќе го напушти Леверкузен за да се врати во градот каде што имаше богата играчка кариера – со повеќе од 150 настапи за пет години.

Додека тој не пристигне, некој ќе мора привремено да ја покрие таа празнина, а „Релево“ пишува дека тоа ќе биде Сантијаго Солари.

Поранешниот фудбалер на клубот, а од 2022 година директор за фудбалски операции во Реал Мадрид, накратко ќе ја преземе функцијата тренер и ќе го води тимот на Светското клупско првенство пред официјалната промоција на Чаби Алонсо.

Солари веќе еднаш беше привремен тренер на Реал во 2018 година, кога беше отпуштен Хулен Лопетеги, и тогаш го водеше клубот 14 дена, бидејќи шпанската федерација не дозволува привремено решение подолго од две недели.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови