
Баерн Минхен денеска го пречекува Мајнц 05 на „Алијанц Арена“ во натпревар од 31. коло на Бундес-лигата. Баварците имаат шанса уште денес да ја обезбедат шампионската титула, а за тоа им е потребна победа и кикс на актуелниот првак, Баер Леверкузен, кој се среќава со Аугсбург.
Разликата меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен е осум бода во корист на минхенскиот гигант. Тимот на Венсан Компани имаше неколку грешки сезонава, но сепак беше постабилен од „аспирините”.
Баерн досега освои 72 бода по 30 одиграни мечеви и е најдобриот домаќин во Бундес-лигата, со 38 освоени поени на „Алијанц Арена“.
Мајнц се наоѓа на шестото место со 47 бода и важи за еден од најдобрите гости оваа сезона.
Баерн има предност што реално тешко може да ја испушти, а тоа значи дека англискиот напаѓач Хари Кејн конечно ќе го освои првиот трофеј во кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Политано останува во Неапол до 2028 година

Евро-фудбал
Арсенал во наредните два месеци без Нони Мадуеке

Втора лига
Филип Мирчески е нов тренер на Победа

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
