Тиери Анри би можел да го преземе водството на Лајпциг од следната сезона. Според германските медиуми, легендата на францускиот фудбал веќе остварил првичен контакт со Јирген Клоп, човекот кој е одговорен за фудбалските операции на сите клубови под раководство на Ред Бул.
Клоп, наводно, ја има скратено листата на потенцијални тренери на две имиња: Анри и актуелниот стратег на Кристал Палас, Оливер Гласнер. Гласнер не му е непознат на системот на Ред Бул – тој веќе има работено во Салцбург, каде што беше ангажиран како спортски координатор и добро ја разбира нивната фудбалска филозофија.
Лајпциг во моментов се бори за место во Лигата на шампионите и се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Бундес-лигата. Но, конкуренцијата е жестока – Фрајбург, Мајнц и Борусија Дортмунд се на само неколку бодови разлика. Распоредот до крајот им е исклучително тежок: гостување кај Ајнтрахт Франкфурт, дуел со Баерн Минхен дома, натпревар против Вердер на гости и завршница против Штутгарт.
Дополнително, на крајот од сезоната, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас треба да се врати во Лајпциг од позајмицата во Торино. Кој ќе биде неговиот нов тренер – Анри, Гласнер или некој трет – треба да биде познато наскоро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













