Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ поради повреда нема да игра за Јувентус на следниот натпревар од Серија А против Монца, соопшти клубот од Торино. Најверојатно ќе го пропушти и дуелот против Болоња, но се очекува да биде подготвен за натпреварот против Лацио на 11 мај.
Влаховиќ синоќа беше заменет на полувремето од натпреварот против Парма (0-1), а како што изјави тренерот Игор Тудор, тоа било поради проблем со повреда.
Лекарските прегледи покажале дека се работи за повреда на предната ложа и му се потребни терапии.
Настапот на српскиот репрезентативец за натпреварите против Албанија и Андора на почетокот од јуни, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026 година, не е доведен во прашање.
Влаховиќ досега оваа сезона има постигнато 14 голови на 38 настапи за Јувентус во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













