Connect with us

Лука Јовиќ го нокаутира Интер за финале во Купот на Италија (ВИДЕО)

Милан е првиот финалист во Купот на Италија откако во големото градско дерби успеа да го победи Интер со убедливи 0-3 и така на голем стил да го обезбеди своето место во борбата за трофејот.

Натпреварот започна со поагресивен пристап на Интер, кој преку Димарко и Лаутаро Мартинез создаде неколку добри прилики, но без реализација. „Росонерите“ ја избраа дефанзивната тактика и чекаа шанса преку контранапади.

Во 36. минута, токму преку брза транзиција Милан го најде патот до голот – Лука Јовиќ се снајде одлично по нафрлување и со прецизен удар со глава донесе водство за својата екипа.

Веднаш на стартот од второто полувреме, Јовиќ повторно се најде на вистинското место и го зголеми водството на 0-2, носејќи ерупција од емоции кај навивачите на Милан. Инзаги се обиде да го смени текот на натпреварот со четири измени во еден момент, но тоа не донесе резултат.

Интер имаше теренска иницијатива, но не успеа да ја пробие одлично организираната одбрана на Милан. За да биде поразот уште потежок, Тијхани Рејндерс во 86. минута постигна трет гол и го зацврсти триумфот на гостите.

Милан со оваа победа обезбеди пласман во финалето, додека Интер ќе мора да ја насочи својата енергија на Серија А и Лигата на шампионите. Вториот финалист најверојатно ќе биде Болоња, која има солидна предност пред реваншот со Емполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови