
Флорент Османи и Симеон Христов се најдобрите стрелци во двете домашни второлигашки конкуренции по есенскиот дел од шампионатите. И двајцата, со Струга ТЛ и со Борец Велес, и во продолжението од сезоната во израмнета „битка“ за епитетот – голгетер број еден во Втората лига.
Флорент Османи е на чело на листата на најдобрите стрелци во Втората лига – Запад. Изминатава сезона како член на Гостивар стигна до бројката од седум погодоци, за да зимава реализира трансфер во редовите на лидерот Струга Трим Лум па сега со стружани во трка за нови голови. Ист број погодоци има и Александар Целески од Кораби, а на третото место меѓу најдобрите стрелци на западот е Игор Клечкароски од Лабуништа со шест голови. Исто толку имаат и Љавдрим Скендери од Гостивар и Благојче Главевски од Пелистер.
Во Втората лига – Исток, Симеон Христов во есенскиот дел постигна десет погодоци во дресот на Борец Велес. Исто толку има и неговиот досегашен соиграч Бојан Колевски, но Колевски завршувајќи ја позајмицата во пролетниот дел се врати во Вардар. Александар Мишов од Тиквеш исто така има осум погодоци, а Ристе Наумов од Брегалница е со досега седум постигнати голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси

Евро-фудбал
Арсенал еден месец ќе биде без Салиба

Евро-фудбал
Нагелсман: Не стравувам дека ќе добијам отказ

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
