Фудбалерите на Кораби од Дебар со победа од 1-3 се враќаат од гостувањето против Гоблен јуниор во Куманово во последниот натпревар од 15. коло во Втората лига – Запад.
Домашните поведоа со погодокот на Егзон Азири во 22. минута, но Кораби израмни со голот на Александар Целески во 39. минута, за кого ова е осми погодок сезонава со што изби на чело на листата на најдобрите стрелци на Западот пред Флорент Османи од Струга ТЛ.
Победата за Кораби ја најави Мусли Љика во 73. минута за 1-2, а ја потврди Ујкан Муча во 87. минута за конечни 1-3.
По оваа победа, Кораби со 22 бода се проби на делба на третата позиција на табелата заедно со екипата на Скопје, со шест бода зад второпласираната Лабуништа.
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Линекер: Хари Кејн е подобар играч од мене
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













