Connect with us

Воска сама си пресуди, циркузантската сезона ќе заврши со драконска казна и испаѓање

Воскса Спорт беше симпатичен тим на почетокот, кога успеа да избори дебитантски настап во Првата лига. Но, како што одминуваше времето, и сѐ почесто имаше турбуленции, примо-предавање на сопственичката структура, менувањето на фудбалерите како чорапи и доведување на дваесетина нови, многу повеќе наликуваше на циркузантски, отколку на фудбалски клупски колектив.

И во таков стил – апсолутно циркузантски, денеска Воска и сама си пресуди во битката за опстанок во елитата. Одлучија неколкумина од клубот, а пред сѐ анонимниот албански тренер Клодиан Арбери, да го повлечат тимот, веројатно и знаејќи дека тоа ќе повлече драконска казна и многу веројатно, испаѓање во понизок ранг, со оглед на моментната позиција што Воска ја има на табелата – последно место и 23 освоени бода.

На сличен начин, на Франк Лампард не му беше признат гол за Англија на Светско првенство (на натпреварот против Германија, 4-1), па Англичаните не си заминаа во соблекувална револтирани поради неправдата. Едноставно, нема оправдување за повлекување на тим од натпревар поради судиска арбитража.

Воска го повлече тимот, и нема дилеми дека Вардар ќе го добие натпреварот со службен резултат 0-3. Но, исто така и Воска ја очекува казна, која според Дисциплинскиот правилник на ФФМ ќе значи и одземање на бодови (од три до девет) за срамниот престап. Згора на тоа, суспензии, и тоа во период од 12 до 24 месеци, ќе добијат и актерите кои што го напуштија теренот, односно оние кои одлучија Воска Спорт да се повлече и да не го доигра натпреварот. Тоа секако ќе биде тренерот Клодиан Арбери, но лошо е ако ги „земе на врат“ и дел од фудбалерите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови