
Реал Мадрид денеска игра натпревар од Ла Лига против Алавес и ќе се обиде да ја намали бодовната разлика во однос на Барселона.
„Кралскиот клуб“ не успеа да го одложи овој натпревар пред реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Арсенал. „Топчиите“ имаат предност од три гола од првиот меч во Лондон.
Реал размислува и за засилувања. Изненадувачки, на списокот се појави името на Аргентинецот Алексис Мекалистер од редовите на Ливерпул.
🚨 Real Madrid have recently discussed a potential move to sign Liverpool midfielder Alexis Mac Allister.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 13, 2025
(Source: @jfelixdiaz ) pic.twitter.com/osyV9nkkzO
Реал ќе мора да плати оштета за него, бидејќи договорот со „црвените“ му трае до 2028 година. Мекалистер во моментов има пазарна вредност од 90 милиони евра. Во Ливерпул пристигна од Брајтон во летото 2023 година за 42 милиони евра.
За клубот од „Енфилд“ има 90 настапи, при што постигна 13 голови и забележа 11 асистенции. Во тековната сезона има ефект од шест гола и четири асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
