
Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа нов пораз во рамките на Лигата на нациите, овојпат на гостувањето кај Косово, кое славеше со убедливи 3-0.
Во меч во кој домаќинките доминираа од првата до последната минута, нашите фудбалерки не успеаја да се наметнат, ниту да создадат сериозна закана пред противничкиот гол.
Најзаслужна за победата беше Бичкај, која двапати се запиша во листата на стрелци, додека Мети го постави конечниот резултат од 3-0.
За Косово ова беше втора победа во групата – и двете против Македонија.
Нашата репрезентација останува закована на дното од табелата, сѐ уште без освоен бод.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
